Финансиски олеснувачи ќе им помагаат на компаниите да добијат пари од владините мерки
Државните институции во соработка со УСАИД ќе ги обучуваат малите и средните компании за полесен пристап до државните пари. Со квалитетна апликација полесно и побрзо се надминува јазот меѓу реалните потреби на компаниите и планот што го нуди Владата за економски раст.

Финансики олеснувачи ќе им помагаат на компаниите при подготовка на квалитетен проект. Фирмите ќе можат да конкурираат за добивање на неповратни средства. Со повикот што треба да го објави Фондот за иновации на крајот на месецов, почнува примената на мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст.
„Целта е да се добијат голем број квалитетни апликации и да може да бидат доделени сите предвидени средства од третиот столб, во износ од 10,5 милиони евра“, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР.
Најчест проблем со кој се соочува стопанството се несоодветните пласмани преку финансиските институции, кои доведуваат до проблеми на бизнисот.
„Мерките кои ги воведува Владата треба да се комплементарни со она што фирмите можат да го искористат преку традиционалните извори на финансирање“, вели Мирјана Македонска, директор на Проектот за развој на деловниот еко систем.
И дирекоторот на Канцеларијата за развој на УСАИД, Едуард Гонзалес укажа на потребата на посебно обучените кадри кои ќе овозможат подобро позиционирање на малите и средните претпријатија.
Марина Стојанова- Тонева
