Дачиќ- Коѕијас: Србија ја поддржува Грција во спорот со Македонија

11.04.2018 16:02

„Србија има разбирање за Грција, признавањето на Македонија под уставното име беше непромислен потег“- со ваков став излезе српскиот министер за надворешни работи по средбата со неговиот грчки колега во Белград. Дачиќ рече дека сака да се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји, но оти не можат многу да помогнат.

На денешната средба во Белград на шефовите на дипломатијата на Србија и Грција, Ивица Дачиќ и Никос Коѕијас, Белград со отворена подршка на ставовите на Атина за решавање на спорот со името на Македонија. Србија направила грешка со признавањето на Македонија под уставното име во тогашната СР Југославија- изјави Дачиќ на прес конференцијата.

„Мислам дека тоа беше непромислен потег и да кажам искрено, однесувањето на Скопје кон Србија и српскиот национален и државен интерес не беше соодветно. Тие го признаа Косово, но нема да навлегувам сега подлабоко во тие односи. Ние сакаме ова прашање да се реши иако не можаме многу да помогнеме“, истакна шефот на српската дипломатија Дачиќ, на прес конфернцијата по разговите со Коцијас.

Тој додаде, дека најдобро е овие разговори да се водат директно и да се изнајдат заедничките интереси во регионот. Според него проблемите, како и во случајот со Србија, навлегуваат длабоко во минатото, во традицијата, во историјата на регионот и затоа Србија има големо разбирање за ставовите на Грција по ова прашање.

На прашање на грчки новинар за критичниот период на преговорите меѓу Македонија и Грција, шефот на грчката дипломатија со одговор дека за ова ќе говори по утрешните разговри во Охрид, за кои се надева дека ќе бидат позитивни.

„Мислам дека клуч на овој проблем е реализмот, прагматицизмот и потребата за компромиси, но не „гнили компромиси“ како што јас често кажувам, туку компромиси со кои ќе добијат и двете страни. А тоа значи дека и двете страни треба да сфатат дека неможат да добијат сѐ, но и дека сепак треба да имаат одредена добивка. Се надевам дека тоа ќе го сфатиме во преговорите и дека ќе имаме позитивни резултатите“, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

На средбата меѓу Дачиќ и Коцијас, разговарано е и за отварање на Косовската трговска канцеларија во Атина, која според Коцијас нема да преставува дипломатско преставнишво, бидејќи Грција нема да го призне Косово.

Грчкиот шеф на дипломатијата беше примен и од претседтелот Александар Вучиќ, при што е констатирано дека интеграцијата на земјите од ЈИЕ е гаранција за трајна стабилност во регионот.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ