Земјоделските задруги бараат поволни услови

12.04.2018 10:23

Задругарите бараат измени во законот за подобри услови за работа во новите задруги. Пример се даноците кои за нив се двојно поголеми од другите земјоделци и наместо 10 подлежат на 20 процентно оданочување.

Зголемувањето на пазарната конкурентност и на соработката меѓу земјоделците во Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги ќе се поддржува со 2 милиона евра од Европската унија.

Целта е со 20 нови грантови да се поттикнат земјоделците кои сакаат да формираат нови задруги и да учествуваат во проектни и обуки за развојна на бизнис планови.

Финансиската поддршка од Унијата ќе помогне да се подготват измени на законите поврзани со земјоделските задруги за мерките на нивна поддршка, како и нивното формирање и функционирање .

Во регистарот досега се запишани 39 земјоделски задруги, од кои седум се од големо обем, со најмалку 20 членови, а останатите 32 се од мал обем, со најмалку 10 до 19 членови.

Во Европа бројот на задруги изнесува 51.000, од кои 20.000 се во Европската Унија.

 

Методија Трајков