Продолжува судењето за случајот „Титаник“
Судијата на последното судење на обвинетите им даде рок од десет дена за увид во доказите. Одбраната бараше подолг временски период. Сите обвинети по последното рочиште зедоа и транскрипт од прислушуваните разговори.

Во новата зграда на скопска единица рочиште за предметот „Титаник“- најобемниот на Специјалното јавно обвинителство. Првообвинет е експремиерот Груевски, а за кривичното дело злоупотреба на изборен процес се товарат уште 20 лица.
Судијата на последното судење на обвинетите им даде рок од десет дена за увид во доказите. Одбраната бараше подолг временски период. Сите обвинети по последното рочиште зедоа и транскрипт од прислушуваните разговори.
Во овој предмет Специјалното јавно обвинителство има вкупно 1.068 прислушувани разговори како доказ, испишани на 25 илјади страници. Според обвинението, обвинетите формирале злосторничко здружување со цел да влијаат врз гласачите на парламентарните, локалните и на претседателските избори што се одржаа од 2011-та до 2014-та година.
Исто така, обвинети се за злоупотреба на пари за финансирање на изборната кампања и за влијание врз гласачите.
