Алжир: Тридневна жалост за жртвите во авионската несреќа

12.04.2018 11:43

Од Министерството за одбрана ја потврдија смртта на најмалку 257 лица но се стравува дека бројот може да расте, бидејќи дел од преживеаните патници имале тешки изгореници.

Во Алжир тридневна жалост за жртвите од уривањето на воениот авион. Од Министерството за одбрана ја потврдија смртта на најмалку 257 лица но се стравува дека бројот може да расте, бидејќи дел од преживеаните патници имале тешки изгореници.

Aвионот се урна веднаш по полетувањето од воениот аеродромот Буфарик на 30 километри од главниот град. Крајна дестинација требало да биде градот Бехар, на југоистокот на државата.