ПЕКИНГ
Седум лица загинаа во експлозија во Северна Кина
12.04.2018 12:39
Инцидентот се случил нешто по полноќ во провинцијата Шанси...

Седум лица загинаа, а 13 се повредени во северниот дел на Кина, при експлозија на камион со пет тони динамит. Инцидентот се случил нешто по полноќ во провинцијата Шанси.
Властите соопштија дека се испитува причината за експлозијата. Кинеските државни медиуми објавија дека меѓу жртвите се возачот на камионот, магационери и припадници на обезбедувањето.
