Сириска криза

Британија прераспоредува подморници, САД размислува за воена интервенција во Сирија

12.04.2018 12:51

Велика Британија прераспоредува подморници, САД размислува за воена интервенција во Сирија. Кинеската флота е во Средоземно Море, а Израел повика на акција и против Иран. Официјална Москва го обвини западот за масовна антируска пропаганда. Глобалната политичка сцена внимателно ги следи потезите на велесилите од Истокот и Западот...

Британија ги позиционира подморниците за ракетни напади врз војската на Сирија чијашто влада ја обвинува за хемиски напади врз цивилното население. Наскоро ќе биде објавена конечната одлука за кооридиниран напад во соработка со САД и со Франција. Планот има поддршка од властите во Израел, коишто повикаа и на акција во Иран. Кинеската флота е во водите на Медитеранот за асистенција на руската страна.

Нападите со хемиско оружје во Дума, Сирија беа вараварски чин. Загинаа многумина, вклучувајќи и деца. Во Советот за безбедност на Обединетите Нации имаше резолуција со која ќе се овозможеше истрага, но Русија стави вето. Соработуваме со сојузниците и дознаваме што се случува на теренот. Сите знаци укажуваат на тоа сирискиот режим е одговорен за проблемот“, изјави Тереза Меј, премиер на Обединетото Кралство.

Официјален Вашингтон ги разгледува сите опции за конфликтот на Блискиот исток кој наместо да запре, само го менува фронтот. Американскиот претседател Трамп имаше консултативен телефонски разговор со неговиот турски колега Ердоган за сириската криза. Генералниот секретар на Обединети нациии, Антонио Гутереш изрази загриженост за идните чекори на велесилите од Исток и од Запад. За да се елиминира опасноста од нуклеарен напад, апел за отповикување на планот за воени акции прати и поранешниот американски претседател Џими Картер.

Официјална Москва го обвини Западот за антируска кампања. Поздравена одлуката на Организацијата за забрана на хемиско оружје за праќање истражен експертски тим во Источна Гута.

Не учествуваме во Твитер-дипломатија. Ние сме за сериозен пристап. Веруваме дека е важно да не се преземат чекори кои би и наштетиле на веќе влошената ситуација во Сирија. Убедени сме дека се измислени обвинувањата за напад со хемиско оружје за да имаат аргумент за воена акција“, вели Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Во меѓувреме, Сириската армија воспостави целосна контрола над градот Дума, што досега беше во рацете на групата „Џаиш ал ислам“. Во регионот се распоредени и руски војници.

 

Маја Фидлишев