Одложено рочиштето за „Титаник“, се бара изземање на судиите

12.04.2018 13:14

Адвокатот на Груевски побара иземање на Судечкиот совет, на претседателот и замениците на Кривичен и на Апелација, и да се провери дали и судиите во овој предмет биле прислушувани, бидејќи таков одговор од СЈО досега не добиле.

Одложено судењето за предметот „Титаник“- најобемниот на Специјалното јавно обвинителство, за 26-ти април. Првообвинет е експремиерот Груевски, а за кривичното дело злоупотреба на изборен процес се товарат уште 20 лица.

Адвокатот на Груевски побара иземање на Судечкиот совет, на претседателот и замениците на Кривичен и на Апелација, и да се провери дали и судиите во овој предмет биле прислушувани, бидејќи таков одговор од СЈО досега не добиле.

Во „Титаник“, Специјалното јавно обвинителство како доказ има 1.068 прислушувани разговори, испишани на 25 илјади страници. Според обвинението, обвинетите формирале злосторничко здружување за да влијаат врз гласачите на парламентарните, локалните и на претседателските избори што се одржаа од 2011-та до 2014-та година. Обвинети се и за злоупотреба на пари за финансирање на изборната кампања.