Евроинтеграции

Крихбаум: Германија ја поддржува Македонија, но мора да се реши проблемот со името

12.04.2018 14:44

Мора да го решите проблемот со Грција со името, вели во изјавата за МТВ, шефот на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум...

Германија ќе биде најголем поддржувач на Македонија за почнување на преговори со Европската унија, но прво мора да го решите проблемот со Грција со името, вели во изјавата за МТВ, шефот на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум.

„Прво постои едно прашање кое треба да се затвори, тоа е спорот со името, помеѓу вашата земја и Грција. Верувам дека разговорите се движат во добра насока. Тоа е нешто што ние го посакуваме, земјата да го реши ова прашање бидејќи тоа ќе ги придвижи работите во следната насока, а тоа е прашањето за приемот во НАТО“, изјави Крихбаум.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби со прогноза- Македонија ќе добие чиста препорака за преговори.

„Сметаме дека Берлин и Владата на Меркел е најголем пријател на Република Македонија во ЕУ и ќе даде огромна поддршка за добивање на чиста препорака за отпочнување преговори, веќе на 17- ти април годинава и се надеваме дека со нивна поддршка ќе добиеме и датум за отпочнување преговори во текот на оваа година“, рече Груби.

И премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со делегацијата од Бундестагот на Република Германија.