Образование

Средношколците ќе се оценуваат по ПИСА

12.04.2018 15:40

Колку се македонските средношколци писмени? Знаат ли математика и природни науки? Одговори на овие прашања треба да даде меѓународното тестирање ПИСА кое ќе се полага на крајот од месецот...

Колку се македонските средношколци писмени, знаат ли математика и природни науки? Одговори на овие прашања треба да даде меѓународното тестирање ПИСА, кое на крајот од месецот ќе го полагаат средношколците од прва година во гимназиите.

За да не се повторат резултатите од пред три години, каде што учениците се најдоа на дното од табелата, надлежните и директорите на училиштата ги советуваа наставниците. Целта е да се подигне свеста за значењето на меѓународното тестирање.

Министерката Дескоска вели дека согласно резултатите, ќе се изготвуваат реформите во основното и средното образование.

Учениците нема да добијат оценки од меѓународното тестирање и тоа нема да влијае на нивниот успех. Македонија трет пат е дел од оваа програма. Последен пат се спроведе во 2015-та.

Програмата за меѓународно оценување ПИСА е најчесто користената алатка за проверка на знаењето и за лоцирање на недостатоците во образовните системи. Согласно со измените на Законот за основно и средно, се предвидува воспоставување на механзам за рангирање на квалитетот на училиштата.

Основците и среднишколците од најдобро рангираните во наредните 10 години ќе добиваат додаток на свидетелство, а наставниците додаток на плата.

 

Викторија Милевска