Евроинтеграции

Османи: Реформите се навремено испорачани

12.04.2018 15:46

Во периодот што претстои, Османи очекува решение и за долгогодишниот спор со Грција, со што ќе се отстранат сите пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.

Планот 3-6-9 е соодветно реализиран, реформите се навремено испорачани, преземени се крупни чекори во добрососедските односи- истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на средбата со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Во периодот што претстои, Османи очекува решение и за долгогодишниот спор со Грција, со што ќе се отстранат сите пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.

На само пет дена од објавувањето на извештајот, на средбата во Брисел, вицепремиерот реферираше дека владата изготвила бројни стратегии и суштински реформски закони, со вклучување на опозицијата и граѓанскиот сектор, од кои најголем дел веќе се усвоени.

Османи посочил и на донесувањето на Законот за јазиците, како последен сегмент од Рамковниот договор кој ќе го демонстрира стабилно мултикултурно општество, стои во соопштението од Секретаријатот за европски прашања..