Новата власт во Украина ги менува клучните луѓе на Јанукович

25.02.2014 11:26

Се менуваат шефовите на челните позици во Украина по падот на претседателот Виктор Јанукович...

Се менуваат шефовите на челните позици во Украина по падот на претседателот Виктор Јанукович. Степан Кубиев го замени првиот човек на Централната Банка, Ихор Соркин којшто се повлече од функцијата Гувернер.
 
В.Д. претседателот на Украина, Александр Турчинов побара меѓународна помош за запирање на економското „движење кон бездната“.
 
Тој рече дека на Украина и требаат 35 милијарди долари во наредните две години. Инаку, Украинското Министерство за здравство соопшти дека конечниот биланс на жртвите во немирите во Киев изнесува 82 лица.  
 
Повредени се околу 700 лица, од коишто 463 се хоспитализирани. Минатонеделното насилство на улиците во главниот град на Украина беше најлошото во државата по стекнувањето независност во 1991 година.