Меѓународнa истрага: Скрипал бил отруен со нервен гас

12.04.2018 16:57

Организацијата не го именуваше нервниот агенс како „Новичок“, но рече дека се согласува со наодите на Велика Британија за неговиот идентитет.

Меѓународните инспектори за забрана на хемиско оружје ја потврдија анализата на Велика Британија за нервниот агенс со кој бил отруен поранешниот руски шпион.

Организацијата не го именуваше нервниот агенс како „Новичок“, но рече дека се согласува со наодите на Велика Британија за неговиот идентитет.

Русија негираше дека стои зад нападот врз Сергеј и Јулија Скрипал, како што тврди британската премиерка Тереза Мај.

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, рече дека нема сомнеж за тоа кој е одговорен за нападот.