Политика

Могерини и Хан следната недела во посета на Македонија

13.04.2018 10:27

Еврокомесарот Хан ќе пристигне во македонската метропола в среда, додека Могерини земјава ќе ја посети нарениот ден. Високата претставничка на ЕУ за време на престојот во Скопје ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини следната недела, по објавувањето на извештајот на Eвропската комисија за Македонија, ќе пристигнат во посета на Скопје.

Еврокомесарот Хан ќе пристигне во македонската метропола в среда, додека Могерини земјава ќе ја посети нарениот ден.

Високата претставничка на ЕУ за време на престојот во Скопје ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Извештајот за напредокот на земјава, Европската комисија треба да го објави во вторник, на 17-ти април.