Западот без конечна одлука за Сирија
Лидерите на Обединетото Кралство и на САД во телефонски разговор заклучиле дека од клучно значење е да се спречи употребата на овој тип оружје. Британската Влада и даде „зелено светло“ на премиерката Тереза Меј да им се придружи на официјален Париз и Вашингтон во плановите за воена операција во Сирија.

Кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп без конечна одлука за евентуален воен напад во Сирија. Русија повика на воздржување од какви било операции и бара нов состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата на Блискиот исток. Западот ја обвинува владата на Дамаск за хемиски напади во Дума.
Лидерите на Обединетото Кралство и на САД во телефонски разговор заклучиле дека од клучно значење е да се спречи употребата на овој тип оружје. Британската Влада и даде „зелено светло“ на премиерката Тереза Меј да им се придружи на официјален Париз и Вашингтон во плановите за воена операција во Сирија.
Опозиција бара гласање во Парламентот иако премиерката нема законска обврска да го направи тоа. Според анализата на примероци од крвта и урината на жртвите на хемискиот напад во Сирија, во Дума било употребено хемиско оружје. Организацијата за забрана на хемиско оружје стартува со теренска работа в сабота.
Во меѓувреме, беше воведена опасна зона за летови над Средоземното Море поради активности на британски воздухопловни сили.
