Собраниска делегација на интерпарламентарна конференција во Белград
13.04.2018 10:52
Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов денеска во Белград ќе учествуваат на семинар на тема „Инструмент за предпристапна помош во руралниот развој: научени лекции и идни перспективи“.

Делегација од Собранието на Република Македонија во која се пратениците од комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов денеска во Белград ќе учествуваат на семинар на тема „Инструмент за предпристапна помош во руралниот развој: научени лекции и идни перспективи“.
Семинарот се одржува во рамките на интерпарламентарната конференција, во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното собрание на Република Србија.
