Османи ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9
Презентацијата е во пресрет на објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Владата ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9.
Презентацијата е во пресрет на објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април.
Напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9 Османи вчера во Брисел го презентира пред високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.
Османи од Брисел, каде се сретна и со директорката на одделот за Западен Балкан во Директоратот за проширување Геновева Руиз Калавера, со холандскиот евро-пратеник Ханс Ван Баален, како и со Пјотр Серафин, шеф на кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, порача дека Македонија ќе продолжи со реформите и по Извештајот на ЕК.
