САД

Идниот државен секретар со цврст став кон противниците

13.04.2018 11:26

Помпео, директор на ЦИА од доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа, минатиот месец беше наименуван за шеф на дипломатијата по смената на Рекс Тилерсон.

Номинираниот американски државен секретар Мајк Помпео на сослушувањето во сенатскиот Комитет за надворешна политика вети цврст став спрема противниците на САД кои се во лоши односи со Русија и Кина.

Помпео, директор на ЦИА од доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа,  минатиот месец беше наименуван за шеф на дипломатијата по смената на Рекс Тилерсон.

„Војната е секогаш последно решение. Повеќе сакам целите на надворешната политика да ги постигнувам со постојан дипломатски напор, отколку младите да ги праќаме во војна“, изјави Помпео.