ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО
Флеминг: Лондон спроведе голем кибернетички напад врз ИД
13.04.2018 11:34
Поранешниот агент на МИ-5, нагласи дека акцијата е премногу сложена за да биде јавно презентирана.

Велика Британија спроведе голема кампања на кибернетички напади врз џихадистичката група Исламска држава, соопшти директорот на британската Владина централа за комуникации, Џереми Флеминг.
Поранешниот агент на МИ-5, нагласи дека акцијата е премногу сложена за да биде јавно презентирана. Критики упати до Русија, којашто ја обвини за недозволиво однесување и закана за Велика Британија и нејзините сојузници.
