Полска: Отстапки за судската реформа за да се смири ЕУ

13.04.2018 14:07

Некои држави на блокот предлагаат финансирањето од европските фондови да зависи од почитувањето на демократските вредности и судската независност.

Долниот дом на Полскиот парламент одобри измени во судската реформа за да ја смири загриженоста на Европската унија поради опасност од слабеење на владеењето на правото.

Некои држави на блокот предлагаат финансирањето од европските фондови да зависи од почитувањето на демократските вредности и судската независност.

По одобрувањето на реформите од страна на Горниот дом на Парламентот, претседателот на Полска има рок од три недели да ги потпише или да стави вето.