Полицаец заработи притвор, дилал марихуана
Полициски службеник од Кочани при спроведени посебни истражни мерки е фатен во недозволена продажба на дрога- марихуана. Јавен обвинител му одредил притвор од 30 дена, соопшти Основното јавно обвинителство од Кочани...

Полицаец дилал марихуана, и од февруари до април годинава, во два наврати за 80 грама се офајдил со 11 илјади денари. Неговите колеги го фатиле при самиот чин на препродавање на дрогата, велат од МВР.
На 36- годишниот полицаец од кочанско, по пријава од Обвинителството, судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.
Во МВР се одлучни да се справат со криминалот и корупцијата во сопствените редови, велат од таму. Полицијата поднесе кривична пријава против 47- годишен кумановец за „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Тој е осомничен дека противправно се стекнал со факултетска, магистерска и докторска диплома и со нив станал професор на Факултетот за правни науки во Свети Николе, и дури аплицирал за полагање правосуден испит.
Фиљана Кока
