Случај „Транспортер“: Одбраната побара изземање на Судечкиот совет

13.04.2018 14:58

Како што појасни судијката, барањето пристигнало 15-тина минути пред отпочнување на главната расправа. Ова е четврто вакво барање кое го испорачуваат адвокатите во процесите против обвиненијата од Специјалното обвинителство.

Адвокатите во случајот „Транспортер“ побараа изземање на Судечкиот совет, како и на претседателите на Кривичниот и на Апелацискиот суд. Како што појасни судијката, барањето пристигнало 15-тина минути пред отпочнување на главната расправа.

Ова е четврто вакво барање кое го испорачуваат адвокатите во процесите против обвиненијата од Специјалното обвинителство. Досега се бараше изземање на судиите за предметите „Тенк“, „ТНТ“, и „Титаник“.

Во случајот „Транспортер“ му се суди на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески кој е под сомнение дека заедно со уште 20 лица направиле злоупотреби со превоз на ученици.