ВМРО-ДПМНЕ: Дадовте големи ветувања, не остваривте ништо
13.04.2018 15:07
Според партијата, СДСМ од опозиција дале големи ветувања, а од позиција на власт, не оствариле ниту едно. Мила Царовска не кажа ниту збор до каде е социјалната помош од 12.000 денари...

Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа последните 10 месеци во Министерството за труд и социјала, откако со него управува СДСМ и Мила Царовска, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Царовска.
Според партијата, СДСМ од опозиција дале големи ветувања, а од позиција на власт, не оствариле ниту едно. Мила Царовска не кажа ниту збор до каде е социјалната помош од 12.000 денари, која ја најавуваше СДСМ во првите шест месеци по преземањето на власта, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
