ГАЗА

Повредени демонстранти на границата со Израел

13.04.2018 15:17

Демонстрациите под мото „Марш за враќање“ почнаа на 30-ти март и беше најавено дека ќе траат шест недели, до 15-ти мај.

Палестинци се повредени на границата на меѓу Израел и појасот Газа. Демонстрантите фрлале камења и запалени гуми врз граничната ограда, а Израелската армија отворила оган врз нив.

Демонстрациите под мото „Марш за враќање“ почнаа на 30-ти март и беше најавено дека ќе траат шест недели, до 15-ти мај.

Покрај Израелско- палестинските тензии, Израел е во состојба на готовност поради заканата од Иран за одмазда поради нападот врз сириска воена база.