Собрание

Ременски: Добро е што опозицијата ги поддржа реформските закони

13.04.2018 15:35

Од парламентарното мнозинство велат дека е добро што опозицијата се вратила во Собранието и ги поддржала реформските закони. „Само со вклучност и конструктивност можеме да напредуваме“, изјави потпретседатлката на Собранието, Фросина Ташевска Ременски. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека имаат суштински забелешки за Законите од областа на судството и очекуваат тие да бидат вметнати во идните решенија...

„Нашата намера е да се усвојат законите со пошироко мнозинство. Ги донесовме законите кои се важни за евроатлантскиот пат, а особено важни поради злоупотребата на системите за прислушкување“, потпретседателката на Социјалдемократите, Фросина Ременски задоволна од учеството на опозицијата и носењето на дел од реформските закони. Законите од судството, поради техничкото усогласување, Ременски тврди дека ќе се донесат наредната недела.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, со спроитивен став за Законите од судството. На брифинг со новинарите рече дека ако законите бидат донесени во понеделник или вторник, а бараат поддршка од опозицијата, ќе треба да бидат прифатени со нивните барањата.

„Не сум сугурен дека за викендот ќе ги усогласиме ставовите“, вели тој.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ согласни дека Законот за ДИК мора да биде усогласен најдоцна до ноември имајќи предвид дека во мај 2019- та ќе има претседателски избори, а шест месеци претходно не се дозволени никакви законски измени.

 

Миле Ристески