Во Прилеп одбележан христијанскиот празник Источен петок- Балаклија

13.04.2018 16:30

Света лековита вода, заштитник на најстарата прилепска населба Варош- на Источен петок- Балаклија, МТВ во манастирот Свети Архангел Михаил...

Тој е културно богатстство за секој патник, но и свето место со лековита вода за посветениот верник. Во закрилата на Марковите кули, Манастирот „Свети Архангел Михаил“ ширум ги отвори портите да го прослави Голем или Источен петок- Балаклија. Денот на лековитите води, зашто со векови, под темелите крие извор со чудотворна, лековита вода.

Прилепчани и гостите од цела Македонија не пропуштаат да го посетат токму на Голем или на Светол петок, веднаш по Велигден. Заедно со манастирот, слави и најстарата прилепска населба Варош. Портите се отворени за секој патник и гостин, да ги понудат со трпеза, но и со благослови. Велат, вековна е традицијата.

Празникот не случајно ги спојува Манастирот и жителите. Манастирот „Свети Архангел Мигхаил“ под Марковите кули во Прилеп ги нуди убавините, историјата, но и примерот за опстојувањето низ вековите.

 

Елизабета Митреска