САД
Коми: Трамп е морално неспособен да биде претседател
16.04.2018 14:06
Според него, американскиот претседател мора да ги признае вредностите кои се во срцето на Америка, а најважна е вистината.

Американскиот претседател Доналд Трамп е морално неспособен да управува со земјата, изјави во интервју за ЕЈ-БИ-СИ, поранешниот директор на Федералното истражно биро Џејмс Коми.
Според него, американскиот претседател мора да ги признае вредностите кои се во срцето на Америка, а најважна е вистината.
„Не верувам во тие истории дека тој e ментално некомпетентен или дека е во прв стадиум на деменција. Сметам дека тој е морално неспособен да биде претседател“, изјави Коми во првото интервју откога беше разрешен.
Трамп го смени Коми од функцијата лани во мај.
