Рочиштето за „Монструм“ одложено за 15-ти мај

17.04.2018 10:58

Рочиштето веднаш беше прекинато и одложено за 15-ти мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири, кој бил хоспитализиран на пулмологија...

Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи првото рочиште за случајот „Монструм“,  за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје, на 12-ти април 2012-та година, откако предметот го презеде СЈО.

На самиот почеток, рочиштето веднаш беше прекинато и одложено за 15-ти мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири, кој бил хоспитализиран на пулмологија.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, несериозно е отсуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница. Судијата рече дека ќе побара целосна болничка документација за Азири.

Во судот денеска дојдоа обвинителите Фетаи, Ристовска и Бубевски, како и сите обвинети, освен хоспитализираниот Азири и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот. Присутни беа и родителите на убиените деца кај Смилковското езеро.

Врховниот суд, лани ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените на доживотна казна затвор.