Странски експерти во македонските компании
Експертите ќе им помагаат на компаниите да ја зголемат нивната рентабилност и ефикасност...

Првите 15 странски консултанти ќе дојдат до крајот на април. Во првата фаза на проектот, 100 компании побарале помош во работењето. Експертите во оваа област велат дека во земјава има бариера за ова прашање.
„Странските консултанти во многу ќе им помогнат на македонските компании, како да го унапредат производството“, вели Синиша Пеќевски, консултант.
Од Владата велат дека искуството на странските консултанти треба да ја подобри профитабилноста на компаниите, но, и да отвори нови работни места.
Холандија и Германија се земјите од каде ќе пристигне првата група.
„Најголем број експерти ќе дојдат во домашните компании со различна големина и од преработувачка индустрија, но и во компании од информатичка дејност, и од туризмот, образованието, земјоделската дејност и други дејности“, рече Александар Ѓорѓиев портпарол на владата на Македонија.
Компаниите ќе треба да покријат дел од трошоците за престојот на експертите. Останатите трошоци ќе бидат на сметка на државата. Во наредните фази, листата ќе се прошири.
Вкупно во земјава треба да поминат 105 консултанти.
Дијана Ценевска
