Политика

Мицкоски очекува позитивна препорака од Европската комисија

17.04.2018 12:07

Македонија седум години по ред, од 2006-та добиваше позитивна препорака, потоа условена поради политичката криза во која влезе државата. Мицкоски очекува конечно на земјава да и се додели и датум за преговори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува позитивна препорака од Европската комисија, бидејќи како што вели во интервјуто за „Република“ и ние како опозиција придонесуваме на тој план, затоа што тоа е од државен интерес.

Македонија седум години по ред, од 2006-та добиваше позитивна препорака, потоа условена поради политичката криза во која влезе државата. Мицкоски очекува конечно на земјава да и се додели и датум за преговори.

Македонија е дел од Европа и наш интерес е што побрзо да бидеме во заедницатата на рамноправни држави, кадешто најдобро ќе се бориме за нашите државни и национални цели, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за „Република“.