Свет
Ерменија: Активисти на опозицијата блокираат улици во Ереван
17.04.2018 12:14
Лидерот на опозициската партија „Граѓански договор“, ги повика своите приврзаници да се соберат пред Парламентот, да ги блокираат улиците и крстосниците и да почнат со генерален штрајк.

Активистите на опозицијата почнаа да ги блокираат централните улици на ерменскиот главен град- Ереван, протестирајќи против поранешниот претседател Серж Саркасјан.
Лидерот на опозициската партија „Граѓански договор“, ги повика своите приврзаници да се соберат пред Парламентот, да ги блокираат улиците и крстосниците и да почнат со генерален штрајк.
Саркасјан беше на власт 10 години, од 2008-ма година, а владејачката Републиканска партија во саботата го номинира за премиер.
