Европски проект за бесплатна правна помош
Меѓу реформите во правосудството, непоходни за исполнувањето на европските критериуми е и Законот за бесплатна правна помош кој има европско знаменце. Тој е вратен на доработка поради заблешките, пред сѐ на Адвокатската комора, по што во земјава почнува прокетот на Унијата за поддршка на овие реформи.

Адвокатите немале разбирање за тарифите предвидени за да им се исплаќаат за бесплатна правна помош. Тоа била најголемата критика за нацрт- законот кој се врати на повторно доработување, изјави заменик- министерот за правда Оливер Ристовски. Тој посочи дека со бесплатната правна помош е битно да бидат опфатени што повеќе лица на кои им е потребна.
Правната помош требада им е на дофат на сите жители во државата, до најруралните средини. Европската помош преку проектни активности ќе ја подигнува јавната свест за ваква помош на економски понемоќните, подеднакво во кривичните и граѓанските предмети.
Законот за бесплатна правна помош беше вратен на доработување откако на повеќе од 50 проценти од него имаше забелешки. Проектот од европски пари предвидува низа обуки за сите чинители особено преку судската пракса на Европскиот суд за човекови права, особено по однос на фер судење за секого.
Директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Арнаудовска побара во проектот да бидат вклучени и судиите кои ја донесуваат проценката за обебзедување фер судење.
Фиљана Кока
