Промовиран зборникот „За и од Киро Глигоров“
Поранешниот претседател Глигоров ја водеше земјава во турбулентни времиња, а како дипломат покажа како може да се остварува надворешно- политичката стратегија во земјава. Ова е дел од промоцијата во Македонската академија на науките и уметностите на зборникот „За и од Киро Глигоров“ по повод 100 години од раѓењето на првиот претседател на независна Македонија...

Придонесот на поранешниот претседател на државата, Киро Глигоров како државник, политичар и научник, е несомнена во градењето на независноста на државата и нејзиното етаблирање во меѓународните односи како државен субјект, истакна претседателот на МАНУ, Таки Фити, на промоцијата наа зборникот по повод 100 години од раѓањето на Глигоров и 25- годишнината од приемот на земјава во Обединтетите нации.
Според амбасадорот Габер, Глигоров ја водеше Македонија во турбулентните времиња по распадот на бивша Југославија.
Од Македонски пошти ќе издадат пригодна марка по повод 100 годишнината од раѓањето на првиот претседател на независна Македонија.
Игор Панов
