Метео: Променливо облачно со сончеви периоди

17.04.2018 14:43

Можни се услови за ретки грмежи претежно во планинските региони.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе има и појава на локални врнежи од дожд.

Можни се услови за ретки грмежи претежно во планинските региони. Ќе дува и умерен ветер од северен правец кој краткотрајно во северните делови ќе го засилува интензитетот.

Температурите во пораст.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска