Политика

Нови кадровски решенија во ВМРО-ДПМНЕ

17.04.2018 15:16

Во ВМРО-ДПМНЕ расправале и за економската ситуација. Велат дека има стагнација. Извршниот комитет на опозициската партија констатирал дека СДСМ нема капацитет да ја води Република Македонија...

Ќе се проширува Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Извршното тело ги предложило Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски за нови членови. На последната седница е даден предлог за девет претседатели на Општински комитети, а избран е и нов Извршен комитет на Унијата на млади сили на партијата.

Во ВМРО-ДПМНЕ расправале и за економската ситуација. Велат дека има стагнација. Извршниот комитет на опозициската партија констатирал дека СДСМ нема капацитет да ја води Република Македонија, економските резултати се лоши, и не се комплетно завршени реформите од Планот 3-6-9.

Пред партијата да се вклучи, законските решенија имале голем број недостатоци и не биле реформски, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.