Инфраструктура

Да се слушне гласот на јавноста при проектирање на инфраструктурата

17.04.2018 16:39

Нетранспарентноста ги забавува, но и поскапува инфраструктирните проекти. Граѓански организации побараа да бидат консултирани пред проектирањето и изградбата. Надлежните ветуваат отворено работење, за секој проект точна информација, колку ги чини даночните обврзници...

Ако јавноста биде консултирана уште во фаза на проектирање, реализацијата на инфраструктурните проекти нема да се одолговлекува, нетранспарентноста скапо ги чини граѓаните. Со овој став- невладиниот сектор од регионот побара јавно да се одвиваат постапките за да избегнат скандалите со корупцијата. Анализите за Балканот покажуваат во најголем број случаи реализацијата се одвива под притисок на инвеститорите, со приоритети определени од власта, без или со доцни јавни консултации, често погрешно или со корумпирано обиди, да се решат вистинските проблеми. Проблемите со Бошков мост и Луково Поле, се посочуваат како негативен пример во студијата за инфраструктура ви ЈИЕ.

„Поради скандалите со корупцијата во минатото и во транспортниот и во енергетскиот сектор навистина мора да се работи против нејзино искоренување, со тоа што кога ќе се отвораат тендерите да имаат шанса компаниите што во минатото добро работеле и немаат корупциски дамки“, вели Соња Ристевска, автор на студијата.

Раселувањето на луѓето, празнењето на цели подрачја, одрони, заштита на приватни интереси. Грѓанскиот сектор од Србија ги посочи како негативни последици од лошо дизајнирани проекти на Коридорот 10.

„Во Србија имаат лоши примери при инфраструктурни проекти на Коридорот 10 со лошо дизајнирани проекти поради што дошло до одрони и раселување на луѓе и оти се загрозувале заштитени подрачја. Владите заедно со корпоративниот сектор најчесто се поставуваат во улога на апсолутен владетел на идните планови и во тој контект во изработката на плановите и во Србија и во другите држави не се зема предвид макроекономската стабилност, се дава приоритет на приватните интереси, особено на големи корпорации кои учествуават, а исто така имаат многу негативно влијание на животната средина“, рече Звездан Калмар од НВО „Цекор“- Србија.

Со критики на претходната за водењето постапки, Министерот за транспорт го убедува граѓанскиот сектор дека оваа влада транспарентно работи на вложувањата во капитаните инфраструктурни проекти.

„Има многу примери на незаконско работење но ќе оставиме на надлежните институции, таквите процеси се минато, сега фокусот е ставен на чесноста и транспарентноста на сѐ што работи Владата на Република Македонија“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Потребни се нови стратегии и студии во кои покрај потребите на граѓаните при проектирање на инфраструктуните проекти предвид ќе се замат и климатските промени и зачувувањето на животната средина – дел од заклучоците на Регионалната конференција во Скопје.

Сузана Фиданска Стоевска