Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит на Западен Балкан
Во фокусот, дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во Европската унија. Целта е да се воспостави дигитална платформа за размена на идеи и предлози, односно координирано градење на капацитетите за дигитални вештини.

Денеска и утре Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит на Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес. Учествуваат премиери, бизнисмени, претставници на Европската комисија, на регионални и на граѓански организации.
Во фокусот, дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во Европската унија. Целта е да се воспостави дигитална платформа за размена на идеи и предлози, односно координирано градење на капацитетите за дигитални вештини.
На отворањето ќе говорат премиерот Заев, министерот за информатичко општество Манчевски и еврокомесарката за дигитална економија и општество, Габриел.
Освен политичкиот дел, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се организира и експо, каде што 37 фирми од регионот и пошироко ќе имаат свои штандови и излагања. Следната година, Дигиталниот самит се сели во Србија.
