Сириска криза

Тим на ОН за безбедност пристигна во Дума

18.04.2018 11:08

Мини-коалицијата од САД, Франција и Британија ги употреби овие тврдења како аргумент за ракетни напади врз, како што велат, погони за производство на хемиско оружје. Сирија и Русија ги негираат обвинувањата.

По инспекторите од Организацијата за забрана на хемиско оружје, во сириска Дума и Тим за безбедност на Обединетите нации. Се испитуваат доказите за наводниот хемиски напад на 7 април, кој според западните земји, го извршила сириската влада.

Мини-коалицијата од САД, Франција и Британија ги употреби овие тврдења како аргумент за ракетни напади врз, како што велат, погони за производство на хемиско оружје. Сирија и Русија ги негираат обвинувањата.

Дума беше последното упориште на сириските бунтовници во Источна Гута, кои се предадоа ден по хемискиот напад.

Според извори од Белата куќа, новиот советник за национална безбедност Џон Болтон и номинираниот државен секретар Мајк Помпео бараат формирање коалиција на арапски воени сили кои ќе ги заменат американските трупи во Сирија кои ќе го стабилизираат регионот по поразот на ИД.