Мајк Помпео имал тајна средба со Ким Јонг-Ун
Целта на средбата околу велигденските празници била да се постават основи за директни преговори меѓу Трамп и Ким за спорната нуклеарна програма.

Мајк Помпео, номинираниот државен секретар на САД, се сретнал со лидерот Ким Јонг-ун на тајна посета на Северна Кореја, извести „Вашингтон пост“. Целта на средбата околу велигденските празници била да се постават основи за директни преговори меѓу Трамп и Ким за спорната нуклеарна програма.
„И ние започнавме директни разговори со Северна Кореја. Разговорите беа на многу високо ниво. Верувам дека постои добра волја, се случуваат добри работи, па ќе видиме што ќе се случи. Проблемот со Северна Кореја требаше одамна да се реши. Со нетрпение ја очекувам средбата со Ким Јонг-ун“, изјави претседателот Трамп.
Постојан мировен режим наместо примирјето со кое се оконча Корејската војна во 1953 година, бара официјален Сеул. Потпишувањето на договорот би можело да се случи на средбата на на 27 април.
Се шпекулира и за спогодба на Јужна Кореја и САД со Пјонгјанг под услов Северна Кореја во целост се откаже од нуклеарната програма.
