Заев: Дигитализацијата и регионалното поврзување клучни за подобра иднина
Во Скопје дводневен Дигитален самит како дел од Берлинскиот процес. Во фокусот- дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во Европската унија и поевтиниот роаминг...

Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит на Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес. Во фокусот- дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан аспиранти за членство во Европската унија.
Да не се пропуштат можностите од дигитализацијата, кои ќе овозмножат поголемо поврзување на граѓаните и бизнисот во Западен Балкан и со Европската унија, што ќе му овозможи на регионот побрзо да се интегрира во Унијата. Клучно во тоа се капацитетот за користење на дигиталните технологии, содветната инфаструктура, но и олеснувањата со заложбите за меѓусебно намалување на цените во роамингот, беше порачано на отворањето на самитот.
„Дигитализацијата е можност која не теба да се пропушти доколку сакаме да обезбедиме иднина за нашите деца и идните генерации. Регионалната соработка има клучно значење во поврзувањето на граѓаните и државите на Западен Балкан. Таа регионална соработка доби суштина со Берлинскиот процес“, нагласи во својот говор македонскиот премиер Зоран Заев.
Според него, инвестирањето во нови технологии ќе донесе ефикаснот и продуктивност, а особено важно е дека во дигиталниот свет нема големи и мали играчи. Дигиталната економија е клучен инструмент во бизност, политиката, образованието и безбедноста.
Според еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, заедничката иднина ќе биде дефинирана од капацитетите да се зграпчат придобивките од дигиталната трансформација. Засилено се работи, како што посочи, на подготовка на дигиталната агенда на Западен Балкан, како клучна иницијатива што ќе биде презентирана на мајскиот Самит во Софија.
Македонскиот министер за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски очекува Западен Балкан дигитално да се интегрира во Европа многу побрзо отколку што тоа ќе го направи политички.
Освен политичкиот дел, како дел од Дигиталниот самит се организира и експо, каде што 37 фирми од регионот и пошироко ќе имаат свои штандови и излагања.
