Бугарија ја поздрави препораката за старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ
18.04.2018 12:14
Официјална Софија целосно ги поддржува наводите во извештаите евроинтеграцијата да се базира на сопствените заслуги, владеењето на правото и доброто економско управување.

Бугарија, актуелен претседавач со Европската унија ја поздрави безусловната препорака за старт на преговорите за членство на Македонија во Унијата. Премиерот Борисов и Владата работеа на тоа, се вели во соопштението од бугарското МНР.
Официјална Софија целосно ги поддржува наводите во извештаите евроинтеграцијата да се базира на сопствените заслуги, владеењето на правото и доброто економско управување.
Реформите и решавање на прашањето за името се главните предуслови за интеграција во ЕУ.
