ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше за шест месеци влез во ЕУ и НАТО
Според опозициската партија, заеднички именител на сите скандали се Заев и неговите соработници, а истрага и правна разрешница се уште нема за ниеден коруптивен случај.

СДСМ ветуваше дека за шест месеци ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО, а за 11 месеци не однесе на дното на листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, заеднички именител на сите скандали се Заев и неговите соработници, а истрага и правна разрешница се уште нема за ниеден коруптивен случај.
Владата на СДСМ со нарачани обвиненија и монтирани случаи, ја дефокусира јавноста. Правдата во државата мора да се врати, а функционерите на владата кои се огрешиле пред законот, мора да одговараат, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
