Џафери: Добар почеток за враќање на европската агенда

18.04.2018 14:23

Во следните два до три месеци ќе треба да се реализира практичната примена на реформските закони и до мајскиот Самит на ЕУ во Софија и следниот во јуни, да се дојде до определување датум за почеток на преговори, изјави собранискиот спикер, Џафери по средбата со еврокомесарот Хан.

Ова е добар почеток за враќање на европската агенда. Во следните два до три месеци ќе треба да се реализира практичната примена на реформските закони и до мајскиот Самит на ЕУ во Софија и следниот во јуни, да се дојде до определување датум за почеток на преговори, изјави собранискиот спикер, Џафери по средбата со еврокомесарот Хан.

„Ова е добар почеток за враќање во европската агенда. Следува враќање на носењето реформски пакети. Очекуваме датум за прговори за членство во ЕУ“, рече Џафери, и нагласид ека за влезот во ЕУ треба да се спроведат сите препораки.

Џафери нагласи дека Собранието во следниот период ќе продолжи со политички дијалог, а на планот за работа го имаат Жан Моне процесот.