Преку дигитализација до побрза интеграција во ЕУ
Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит на Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес. Во фокусот, соработката и поевтиниот роаминг. Освен политичкиот дел, се организира и експо, каде што ќе се претстават 37 компании од регионот и пошироко...

Дигитализацијата е можност што не треба да се пропушти. Заедничката иднина на Западен Балкан ќе зависи од капацитетите да се зграбат придобивките од дигиталната трансформација. А преку неа, регионот побрзо да се интегрира во Европската унија пред тоа да се случи на политички план. Ова се дел од пораките на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан. На едно место ги собра, лидерите на влади, министри, политичари, бизнисмени, граѓански здруженија. Фокусот го стави на зајакнување на капацитетите, иноватвни идеи и олеснувања преку заложбите за намалување на цените во роаминг.
Инвестирањето во нови технологии ќе донесе и ефикасност и продуктивност. Во дигиталниот свет нема мали и големи играчи- на отворањето посочи премиерот Заев. Изрази подготвеност државата да учествува во евентуалната загуба на операторите за намалување на цените во роаминг, со став дека ова е бенефит и за бизнисот и за граѓаните.
„Регионалната соработка има клучно значење во поврзувањето на државите, граѓаните и државите на Западен Балкан. Таа регионална соработка доби суштина со Берлинскиот процес, а особено со усвојувањето на планот во Трст. Инвестирањето во нови технологии ќе донесе ефикаснот и продуктивност, а особено важно е дека во дигиталниот свет нема големи и мали играчи. Дигиталната економија е клучен инструмент во бизност, политиката, образованието и безбедноста. Уверен сум дека ваквите регионални настани ќе помогнат во регионалните пазари“, посочи премиерот Зоран Заев.
Дигиталната агенда за Западен Балкан се работи, ќе биде клучна иницијатива на мајскиот самит во Софија, а во неа и главните предизвици за мобилизација на јавната администрација и Е- влада, комјутерската безбедност, развојот на дигиталните вештини. Еврокомесарката за дигитална економија ги истакна заложбите на операторите од регионот за намалување на цените во роаминг. Укажа на долгиот процес и неговата сложеност што во Европската унија се одвива веќе 10 години. Го потенцира и вклучувањето на Косово и Албанија кон регионалната инцијатива.
„Имаме намераа да ги намалиме цените со ЕУ и тоа ќе го направиме во следните месеци. Затоа процесот и дискусиите за деталниот патоказ за роамингот се сѐ уште во развој, но наша цел е заедно со мобилните оператори, и задолжените власти за телекомуникации да овозможиме пад на цените во роамингот на самитот во мај“, рече Марија Габриел, еврокомесар за дигитална економија.
Очекувам Западен Балкан многу побрзо да се интегрира во Европа отколку што тоа ќе го направи политички. Со овој став министерот Манчевески посочи- дигиталната трансформација се наоѓа толку високо на политичките агенди.
„Очекувам цените на роамингот во регионот и со земјите од ЕУ драстично да се намалат и меѓусебно да си ги признаеме дигиталните сертификати. Очекувам да диоговроиме заеднички настап за пдобрување на пристапот до широкопојасен интернет, очекувам Западен Балкан да стане следната ИКТ дестинација во светот и нашите малди да бидат предводници во подигнувањето на дигиталните вештини и да останат во своите земји“, посочи Дамјан Манчевски, министер за инфроматичко општество.
Се отвори и Експо саемот на фирми од информатичките технологии, презентација на најновите дигитални технологии. Пристап АПП транспорт, промовиран предлог за развивање нова електронска алатка преку која треба да се издаваат транспортните лиценци. Надлежните очекуваат до 20-ти мај фирмите од информатичкиот бизнис да достават иновативни решенија.
На Првиот дигитален самит, присутни се и високи преставници од владите на земјите од Западен Балкан, министри, бизнис- елитата, и голем број преставници од ИКТ секторот.
Сузана Фиданска- Стоевска
