Николоски: Извештајот школски може да се оцени со двојка

18.04.2018 14:55

Забелешки има за јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и за организираниот криминал, изјави потпретседателот на партијата, Николоски.

Извештајот школски може да се оцени со двојка, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Не постои област во која што е постигнат чист напредок. Забелешки има за јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и за организираниот криминал, изјави потпретседателот на партијата, Николоски.

„Засега единствениот резултат после една година работа е зголемување на корупцијата во таа насока Република Македонија ја добива оваа препорака за почеток на преговори која што иста ја добиваше и седум години по ред. Мора да констатираме дека позитивен извештај за Република Македонија не е новина туку нешто што го гледаме од 2009 година навака“, изјави Николоски.

Тој посочува дека е јасно дека без разлика какви се извештаите што ги добива Македонија, отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ зависи исклучиво од решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето уставно име.