Системот за следење на комуникациите позитивно оценет во извештајот на ЕК
Дел од заслугите за препораката е на Министерството за внатрешни работи, оцени првиот човек на ресорот Спасовски. Ги посочи реформите во системот за следење на комуникациите и во безбедносните служби. Главен предизвик – да се зајакне довербата во луѓето во сина униформа...

Системот за следење на комуникациите и на безбедносните служби позитивно оценет во извештајот на Европската комисија за Македонија. Министерот Спасовски вели дека полицијата почнува реформи и во јавната безбедност. Усвоена е и стратегија за развој на полицијата.
Да се прекине политиката на неказнување, нула толеранција за напад врз новинари, ова се пораките од ЗНМ упатени до полицијата. Исправени пред реформски процеси да се посветиме на длабински и на суштински промени на македонската полиција, велат од Хелсиншкиот комитет.
Одговорност, чесност и посветеност е интегритетот на полицајците. Ќе се постигне само со добра селекција, обуки и мерки на контрола, беше констатирано на работилницата.
Наташа Гркова- Петрушевска
