Фити: Оставрлив е економски раст од 3,2 отсто годинава во Македонија
Македонија не оваа година, туку 2019 година и натаму мора да направи се да постои стапки на раст меѓу 4,5 и 5 отсто. Тоа е потенцијалот на македонската економија, ако сакаме да одиме напред, рече претседателот на МАНУ...

Претседателот на МАНУ, Таки Фити смета дека е остварлива стапката на раст од 3,2 процента годинава. Сепак, земјава има потенцијал за многу повеќе.
„Многу е важно како ќе се држи извозот, кај извозот имаме квалитативни подобрувања, поместувања, благодарение на странските инвестиции во зоните. Значи оваа стапка е остварлива. Инаку Македонија не оваа година, туку 2019 година и натаму мора да направи се да постои стапки на раст меѓу 4,5 и 5 отсто. Тоа е потенцијалот на македонската економија, ако сакаме да одиме напред“, рече Фити.
Фити вели дека по надминување на политичката криза полека почнале да растат инвестициите и личната потрошувачка.
