Јужен Судан: Ослободени повеќе од 200 деца војници
18.04.2018 15:23
Акцијата се случува неколку недели пред третиот круг мировни преговори закажани за крајот на месецов во Етиопија.

Повеќе од 200 деца војници се ослободени и се вратени кај нивните семејства во Јужен Судан. Операцијата треба да продолжи и во наредните месеци, при што е предвидено да бидат ослободени речиси илјада деца.
Акцијата се случува неколку недели пред третиот круг мировни преговори закажани за крајот на месецов во Етиопија.
За време на петгодишната војна во Јужен Судан се проценува дека вооружените групи регрутирале околу 19 илјади деца војници. Според Обединети нации, во Јужен Судан има најголем број деца војници.
