Битола

Мобилна дијагностика на вирусен хепатит и болести на црниот дроб

18.04.2018 15:42

Министерството за здравство подготвува стратегија и регистар на заболените од вирусен хепатит. Ќе се користат хрватски искуства. Во план е да се бараат пари од европските фондови за набавка на современа опрема...

Промовирани највисоките научни достигнувања од областа на мобилната дијагностика на вирусниот хепатит и другите болести кај црниот дроб. Мобилниот Инфо- хеп центар е опремен со најсофистицирана опрема која ја заменува биопсијата на црниот дроб и тестетињето преку крвта. Ваква медицинска опрема и метода, Македонија сѐ уште нема. Бесплатниот скрининг во следните неколку дена ќе го искористат над стотина лица од неколку оипштини, велат првите луѓе на Европското здружение и битолскиот Хепар центар.

„Прегледот е многу едноставен и безболен. За пациентот тоа изгледа како преглед на ултразвук. Прегледот трае од пет до дест минути вклучувајки ја и подготовката на пациетот. Резултатите веднаш се добиваат“, вели претседателката на европското здружение, Татјана Реиќ.

„Времето на скрининг се намалува и до 50 проценти во однос на упатувањето на пациентите во понатамошното лекување“, изјави Мишко Мишковиќ од битолскиот Хепар центар.

Гостите од Брисел со препораки и до ресорното министерство- кои се начините за набавка на вакво возило преку доближување до европските фондови. Неофицијално од оваа болест кај нас боледува еден процент од населението. Надлежните велат- ќе се подига на повисоко ниво и превентивата и едукацијата.

„Прво и основно ни е во следниот период да направиме регистар на точната бројка на заболени од оваа болест, а паралелно да се врши дополнителна обука на медицинскиот кадар и едукација за основна превентива кај граѓаните“, вели заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски.

„Како локална самоуправа ќе едуцираме во училиштата и преку невладините организации со цел превентивата да заземе повисоко место“, вели градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Заменик министерот за здравсто рече дека ќе следува интензивна соработка со европското здружение, а ќе се следат и препораките на Светската здравствена организација за искоренување на ова болест до 2030-та година.

 

Стевче Митревски