Матис: Сирија не ги пушта инспекторите од ОПЦВ
Во меѓувреме извор од Министерството за одрбана на Сирија изјави дека две неиспукани крстосувачки ракети од нападите на САД, Британија и на Франција врз цели во Сирија на 14-ти април биле пронајдени од сириската армија и предадени на Русија.

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис ја обвини сириската влада дека одложува да им дозволи на инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје да пристапат до локациите на наводниот хемиски напад. Рече дека тоа е стратегија што се користела во минатото.
Во меѓувреме извор од Министерството за одрбана на Сирија изјави дека две неиспукани крстосувачки ракети од нападите на САД, Британија и на Франција врз цели во Сирија на 14-ти април биле пронајдени од сириската армија и предадени на Русија.
Руската страна не ја потврди информацијата. Според руското Министерство за одбрана во нападите биле испукани вкупно 103 ракети, а сириската противвоздушна одбрана соборила 71 од нив.
